gogo

A+ R A-


Започна изградбата на новата индустриската развојна зона „Ранковце“

(Фото: Дневник/Слободан Ѓуриќ)Денес беше поставен камен-темелник на новата иднустриска развојна зона Ранковце која ќе се простира на површна од 40 хектари.

Новата технолошко-индустриската развојна зона се наоѓа на атрактивна локација на Коридорот 8 меѓу градовите Куманово и Крива Паланка, оддалечена околу 40 километри од граничниот премин Дев Бари кон соседна Бугарија и на околу 50 километри од граничниот премин Табановце кон Србија.

- Локацијата на зоната е неслучајно избрана. Во близина се повеќе градови од североисточниот дел на земјата со многу жители кои можат да одговорат на потребите и барањата на инвеститорите за работна сила од најразличен карактер. Во близина се границите со Србија и Бугарија, а на околу 70 километри од аеродромот „Александар Велики”, во близина на зоната поминува Коридорот 8, тука е магистралниот пат, но и железничката линија кон Бугарија. Сето тоа им нуди можност на потенцијалните инвеститори да бидат одлично поврзани и да можат да извезуваат со брз и ефикасен транспорт кон нивната посакувана дестинација, истакна премиерот Груевски.

altГруевски потенцираше дека придобивките од изградбата на оваа ТИРЗ се повеќекратни затоа што изградбата на зоната ќе значи предуслов за нови инвестиции и отворање на нови работни места. Тој најави дека и во иднина Владата ќе продолжи со инвестирање во зоните во патната и железничката инфраструктура и со презентациите на Македонија како поволна бизнис-дестинација бидејќи таквиот пристап дава резултати.

- Повеќе значајни светски фирми веќе работат во Македонија. Дел од нив покрај својата првична инвестиција се решија и за втора инвестиција. Од друга страна, интересот за нови инвестиции е исто така голем, нагласи премиерот Груевски.

Технолошко-индустриски развојни зони досега има во Скопје, Битола, Тетово и Штип, а планирани се и во Гевгелија, Струмица,Прилеп, Кичево, Струга и Радовиш.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.