Четириесет и петгодишен жител на Крива Паланка физички ги нападнал родителите на неговата сопруга, нанесувајќи им телесни повреди, информира Министерството за внарешни работи.
На 11-ти месецов, 45-годишниот М.П. од Крива Паланка насилно влегол во куќата на родителите на неговата сопруга, почнал вербална расправија, а потоа и физички ги нападнал 64-годишната М.И и една година помладиот С.И. Полицијата против М.П. поднесе кривична пријава за сторено кривично дело “тешка телесна повреда“.

Имено, тој околу 10,30 часот се качил во такси возило и побарал да го превезат до Скопје, при што возачот на возилото замолил негов колега да го замени во турата. Кога таксистите тргнале да ги разменат местата, скопјанецот се префрлил од задното на возачкото седиште, го запалил возилото и со голема брзина се дал во бегство.
Полицијата веднаш интервенирала и го уапсила. Кога го однеле во просторијата во станицата, скопјанецот искршил едно стакло, го оштетил ѕидот и откорнал две лајсни од од подот. Кога полицијата се обидела да го смири, тој со лајсните почнал да го удира едниот од нив и го повредил во пределот на левото рамо и лева надлактица.