gogo

A+ R A-


40-те величествени жени во историјата на човештвото

Клара Цеткин: история женщины, стоявшей у истоков феминизма | Marie Claire















8ми МАРТ е вистинскиот ден кога треба да се потсетиме на 40-те величествени жени во историјата на човештвото според хронолошки ред.
Ева
според Библијата е првата жена што зачекорила по светот, а нејзината појава имала големо влијание на културно-историската улога на жената.
Сафо (570 г. пр. н.е) била една од првите објавени женски писатели. Голем дел од нејзината поезија е изгубен, но нејзината репутација остана. Се смета за една од десетте најголеми поети воопшто.
Клеопатра (69- 30 г. пр. н.е.), последната наследничка на фараонот, иако не била благословена со физичка убавина, зборувала девет јазици и останала запаметена како жена на чиј шарм не му одолеале императорите Јулиј Цезар и Марко Антониј.
Марија Магдалена (4 г. пр .н.е. - 40 г. н.е.) - историските факти за неа се обвиени со мистерија, сепак од евангелието е познато дека била една од најверните Исусови следбеници. Опишана е како визионерка и водачка на христијанското движење. Била првата што го видела неговото воскреснување.
Хилдегард фон Бинген (1098-1179 г.), авторка и композиторка, таа поминала голем дел од својот живот затворена во неколку ѕида. Папата, кралевите и многу важни луѓе се консултирале со неа, а нејзината музика и пишување се влијателни до денес.
Јованка Орлеанка (1412-1431 г.), митска заштитничка на Франција. Станала позната кога добила „небески визии“ и благодарение на нив имала сила и волја да го поведе францускиот народ на востание против англиската окупација во 15 век. Прогласена е за светица.
Мери Волстонкрафт (1759-1797 г.) авторка на најзначајната книга во раното феминистичко движење, пионерка во борбата за женски права.
Џејн Остин (1775-1817 г.), англиска писателка на љубовни романи и една од ретките што доживеале слава за време на животот. Била фалена поради својот пристап на тогашното благородништво, а денес е една од најчитаните британски автори на сите времиња („Гордост и предрасуди“, „Ема“).
Флоренс Најтингејл (1820-1910 г.) ја смени перцепцијата на болничката професија. Го подбори третманот на ранетите војници во Кримската војна.
Емили Дикинсон (1830-1886 г.) - песните на Дикинсон првпат биле објавени неколку години по нејзината смрт, во 1890 година, по што следувале уште пет дополнети изданија, кои биле распродадени само за шест месеци. Кон крајот на 19 век и почетокот на 20 век, поезијата на Дикинсон сè уште не била доволно ценета од критичарите, но нејзината слава постојано растела и денес се смета за едно од најголемите имиња на американската поезија.
Викторија Вудхул (1838-1927 г.), водач на американското суфражетско движење за правата на жените, прва жена што отворила неделен весник и прва жена-кандидат за претседател на Америка.
Клара Цеткин (1857-1933 г.), заедно со Роза Луксембург, била една од главните личности на левото револуционерно крило на партијата. Многу ја интересирала женската политика, вклучувајќи ја и борбата за рамноправност и право на глас за жените. Ја организирала прославата на првиот Меѓународен ден на жената, 8 Март, во 1911 г.
Марија Кири (1867-1934 г.), првата жена добитничка на Нобеловата награда и прва што ова признание го освоила во две области, за физика во 1903 г. и за хемија во 1911 г. Во текот на брилијантната кариера се соочувала со оспорување од мажите од научниот свет, иако ги поместила границите на науката.
Исидора Данкан (1877-1927 г.), танчарка и креаторка на модерниот танц. Ги отфрлила традиционалната балетска форма и строгите правила на држење, кои ги сметала за грди и неприродни. Станала толку популарна што инспирирала многу уметници, вајари, поети, фотографи, музичари.
Хелен Келер (1880-1968 г.) е американска активистка и писателка, која, и покрај тоа што била глува и слепа, постигнала многу во својот живот. Борбата против сетилните хендикепи стана нејзина животна мисија.
Вирџинија Вулф (1882-1941 г.) била англиска феминистка, писателка, критичарка, есеистка и интелектуалка од првата половина на 20 век. Таа извршила големо влијание врз современата книжевност и се смета за еден oд основачите на модерниот психолошки роман.
Коко Шанел (1883-1971 г.), една од најиновативните модни креаторки што го обликувала стилот на облекување на жената во 20 век. Нејзините идеи биле револуционерни за дотогаш доста строгото облекување на жените.
Еленор Рузвелт (1884-1962 г.) - неприкосновена е меѓу првите дами на Америка со своето политичко влијание. Таа беше една од првите жени примени во Сенатот во 1911 година, пред да стане прва дама на Америка. Се бореше за правата на малцинствата и на жените.
Џорџа О’Кифи (1887-1986 г.) се смета за една од најголемите американски уметници на 20 век. Најпозната е по сликите на цвеќе и силни пејзажи од американскиот југозапад. Ги инспирирала и поттикнала младите апстрактни уметници.
Агата Кристи (1890-1976 г.) во Првата светска војна била болничарка на Црвениот крст, а потоа му се посветила на пишувањето. Според Гинисовата книга на рекорди е најпродаваниот романописец на сите времиња, а нејзините детективски и крими-романи (66 на број) се продадени во околу милијарда примероци.
Мари Фелпс Џејкоб (1891-1970 г.) - да не била таа ќе го немало градникот. Пред нејзиниот изум жените носеле неудобни корсети. Станала пионер на цела нова модерна доба на поголема слобода во женското облекување.
Амелија Ерхарт (1897-1937 г.) била американски пионер во авијацијата и авторка, првата пилотка што го прелетала сама Атлантски Океан. Поставила многу рекорди, напишала книги за своите искуства како пилотка, била член на Националната партија на жените и ран поддржувач на амандманот за еднакви права.
Ејми Џонсон (1903-1941 г.), пионерка на британската авијација, поставила голем број рекорди во должината на летот во 1930-тите. Светски станала позната како првата жена што летала сама од Англија до 18.000 км оддалечената Австралија.
Маргарет Бурк Вајт (1904-1971 г.), иако студирала на голем број универзитети, нејзината голема љубов била фотографијата, по која и станала позната. Развила сопствен стил, техники и формати на фотографија и е првата жена вработена како фоторепортер, била првата фоторепортерка од бојните полиња на Втората светска војна.
Фрида Кало (1907-1954 г.) една од најславните женски сликари на сите времиња, мексиканска претставничка на реализмот, кубизмот и надреализмот.
Симон де Бовоар (1908-1986 г.) била француска интелектуалка, филозоф, феминистка и борец за човекови права. Позната е по својата детална анализа на модерното феминистичко движење во делото „Вториот пол“. Му била животна сопатничка на Сартр.
Мајка Тереза (1910-1997 г.), калуѓерка што го посветила животот на борбата за права на сиромашните и станала глобален симбол на солидарност, скромност и добра волја. Низ работата во мисионерските организации во Калкута во Индија, таа е заслужна за помош на илјадници гладни и сиромашни, за што ја доби и Нобеловата награда за мир во 1979 г.
Роза Паркс (1913-2005 г.) во светот позната како првата дама на борбата за човекови права. Во време кога тоа било незамисливо, во 1955 г. во автобус одбила да му го препушти своето место на белец. За својата работа добила многу вредни хуманистички награди.
Били Холидеј (1915-1959 г.) била американска џез-пејачка и текстописка, позната и под прекарот Леди Деј. Се смета за една од највлијателните пејачки не само на џез туку и на поп-музика, нејзините песни се класика.

Индира Ганди (1917-1984 г.), прва жена претседател на Владата на Индија. Животот го поминала во борбата за просперитет на народот на Индија. На нејзиниот погреб по атентатот отишле највисоките државници од сто светски земји.
Ева Перон (1919-1952 г.) му била љубимица на аргентинскиот народ и една од најпопуларните политички водачи кога било. Во кампањите заговарала права за сиромашните и слабите, но се борела и за еднакви права на жените и мажите.
Маргарет Тачер (1925-2013 г.), првата жена премиер на Велика Британија, која ја обележи светската политика на 1980-тите години. Позната е по вербата во одговорноста на поединецот за неговите постапки, како и по слободниот пазар. Во Британија ја памтат по тоа што ја оживеала британската економија и земјата повторно ја направила светска сила.
Мерилин Монро (1926-1962 г.), една од најголемите филмски ѕвезди во историјата на кинематографијата.
Одри Хепберн (1929-1993 г.) - од 1988 година до нејзината смрт во 1993 година, славната актерка била амбасадорка на добрата волја при УНИЦЕФ и била наградена со претседателскиот медал на слободата (највисокото признание што може да го добие еден граѓанин на САД) во чест на нејзината хуманитарна работа. Во 1999 година таа била прогласена за третата најголема актерка на сите времиња, според Американскиот филмски институт.
Ана Франк (1929-1945 г.), една од најпознатите еврејски жртви на холокаустот, а станала славна по својот дневник најден години по војната, кој денес е светски бестселер.
Јунко Табеи (р. 1939 г.) - оваа Јапонка е првата жена што се искачила на највисокиот врв на Земјата, Монт Еверест во 1975 г. Единствена жена што се качила на Седумте Врва, кои претставуваат највисоки планини на сите континенти.
Били Џин Кинг (р. 1943 г.), една од најголемите спортистки на сите времиња. Тенисерката освои 67 професионални турнири.
Мадона (р. 1958 г.), најуспешна поп-ѕвезда на сите времиња, со повеќе од 250 милиони продадени плочи. Ги пробивала границите на она што е прифатливо, поигрувајќи си со својот сексуален имиџ.
Принцезата Дајана (1961-1997 г.) - нејзиниот имиџ е комбинација на дворската титула и на предадената хуманитарна работа, поради што е наречена Кралица на срцето. 

Малала Јусафзаи (р. 1997 г.) е пакистанска активистка за правото на образование на жените и најмлада добитничка на Нобеловата награда за мир.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.