7.000 Македонци и неколку стотини странски туристи викендов се фатија на оро во Охрид, но за жал не успеаја да го соборат Гинисовиот рекорд за најдолго оро, кој го држат Кинезите. Интересно е што музиката за орото за Гинис беше инструментална верзија на старата народна песна „По ваздан те гледам“ од кратовскиот крај.
Наместо 18.000 учесници, кои требаше да се фатат за раце, да направат колона од Охрид до Струга и да го изиграат џиновското оро, на договореното локација место се собраа околу 7.000 луѓе. Дечиња, возрасни, постари граѓани, некои од нив во народни носии, завчера се обидоа да изиграат оро две минути и да го урнат рекордот. Странски туристи, кои викендов се погодија во Охрид и во Струга, заинтересирани за настанот се фаќаа за орото сакајќи да бидат дел од големото случување. Обидот го организираа Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот на Република Македонија и националниот ансамбл „Танец“.