gogo

A+ R A-


Актерот Владо Јовановски открива: Кратовци ми се лути за пастрамајката

Актерот Владо Јовановски, познат по спотовите од „Истражи ја Македонија“, раскажува за впечатоците од снимањaltето на овој проект, а открива и дека кратовци му се лути...

-Луѓето мислат дека за секое село, црква, камен, легенда, знам се. Стотици визит-карти ми дадоа досега, можам да направам изложба од нив, а за телефонски броеви да не зборувам.  Александар со цело друштво отишол во Берово на качамак со ребра, а иако се од Штип, прв пат биле во Берово.

Неколку фамилии го посетиле Лесновскиот манастир, купиле манастирска ракија, а на Зоки од Лесновска куќа му го изеле целото масло од бутин и сите зелници со праз. Во Кратово веќе брендираат и продаваат „к'цана“ сол во убави пакувања, но по малку ми се лути, зошто само „к'цаната“ сол ја потенциравме како локален специјалитет, а не и нивните пастрмајлии со полупушено месо, за кои јас ви тврдам дека се најубави, нека ми простат другите, за вкус закон нема. Имам информации дека Владата сака да ги преведе спотовите на повеќе светски јазици, со што ќе привлечеме уште повеќе туристи. Заедно со „Македонија вечна“ и други кампањи да ја пласираме успешно македонската приказна.

Топ 10 дестинации во Македонија според Јовановски

Сите дестинации ми се драги, но ако веќе мора да се избира, тоа се Дојран, Галичник, Берово, Кратово, Бегниште, Прилеп-Зрзе, водопадите на Беласица, Шар Планина, Куклица и се разбира, Скопје.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.