Веќе традиционално, утре (сабота) во Кратово ќе се одржи манифестацијата насловена како Ден на културата 2015.
Настанот ќе се одржи пред платото на Домот на културата „Лазар Софијанов“ со почеток од 18 часот, на кој учество ќе земат повеќе културно уметнички друштва од повеќе градови на Македонија.
Програма:
- 17.00 ч. Приготвување на тиганици на саџак;
- 18.00 ч. Дефиле низ Плоштадот Маршал Тито во градот со песни и свирки од пред Хотел „Кратис“ до Дом на културата;
- 18.30 ч. Поздравно обраќање на г-дин Мите Андоновски, Градоначалник на општина и отварање на манифестацијата Ден на културата 2015;
- 18.45 ч. Културно уметничка програма:
- Оркестар со изворни инструменти од Кочани;
- ФА „Ињевски Бисери“ с.Ињево, Радовиш;
- КУД „Ацо Горчев“, Неготина;
- КУЗ „Карпош“, Крива Паланка;
- ФА „Бучим“, Радовиш;
- КУД „Злетовски Рудар“, Пробиштип;
- КУД „Ефрем Каранов“, Кратово.