пишува - отец Блаже Крстевски
Светиот новомаченик Ѓорѓи Кратовски бил погребан во дворот на црквата св.маченица Марина, на 11 февруари 1515 година. Настрадал на 18 годишна возраст. Погребот бил организиран од свештеникот Пејо, со голема почест во присуство на целото свештенство и голем број на верници. На 26 Мај (8 јуни, по грегоријанскиот календар) моштите(телото)на св.Ѓорѓи биле извадени од гробот и поставени во специјален ковчег, кивот и биле пренесени во храмот посветен на св.Ѓорѓи Кападокијски (Победоносец) во Кремиковскиот манастир покрај Софија, Бугарија. Кивотот бил изработен од Теофан од Кремиковци, 1593 г. Во Кремиковскиот манастир моштите се чувале 300 години. Денес останки односно честици(делови) од моштите се чуваат во Драгалевскиот манастир во црквата на Света Богородица Витошка покрај Софија. Моштите се наоѓаат во специјално изработен златен кивот од софискиот златар Христо Димитров. Кивотот се наоѓа на светиот престол. Мошти се наоѓаат и во Рилскиот манастир во Бугарија. Во Србија дел од моштите се наоѓаат во манастирот Студеница, манастирот Дечани, манастирот Мала Ремета на Фрушка Гора во црквата "Покров на Пресвета Богородица".