gogo

A+ R A-


Божиќно интервју со Дијана Михајловска, талентирана уметничка од Кратово

автори на интервјуто - Габриела Филипова и Бојана Крстевска

Кажи ни нешто повеќе за тебе, која е Дијана Михајловска?

Јас сум матурантка во четврта година, учам во средното училиште „Митко Пенџуклиски“ во Кратово. Имам голема желба еден ден да станам позната сликарка.

На колку години пројави интерес за цртање?

Првите цртежи кои ми беа забележени од моите најблиски беа нацртани во четврто одделение. Тоа значи дека доста рано открив дека имам афинитет кон ликовната уметност.

Дали талентот за цртање ти е наследен?

Талентот го имам наследено од мојата мајка која досега има направено неколку прекрасни дела. Веројатно уметничкиот ген се префрлил и на мене.

Како ја сфакаш уметноста?

Уметноста за мене претставува слободен израз на личноста, преку која можам да ги изразам своите чувства и идеи.

Што најчесто е мотив за твоите цртежи?

Немам определен мотив. Најчесто сакам да го цртам тоа што ќе ми привлече најмногу внимание, или идеа која сакам да им ја пренесам на останатите.

Која техника ја користиш најмногу?

Најмногу ги користам моливот и температа, покрај тоа сакам и да експирементирам со масло на платно.

Која е твоја главна инспирација и зошто?

Главна инспирација ми е човечкиот лик, портретите кои се најчести меѓу моите дела. Го користам апстрактот како начин за да искажам некои чувства, но природата е отсекогаш била неисцрпна муза.

Со оглед на тоа дека си матуранка, дали понатаму планираш твоето образование да го насочиш во тој правец?

Дефинитивно. Најголема желба ми е мојата идна професија да биде поврзана со мојот афинитет кон уметноста. За крај, би сакала на сите читатели на порталот „АБЕРЏИЈА“ да им ги честитам новогодишните и божиќните празници и да им посакам добро здравје, среќа и љубов во нивните животи.

Дела на Дијана:

На цртежот користев молив како техника, а како инспирација ми беше драга другарка. Ова е портрет од кој сум многу задоволна.

 

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.