gogo

A+ R A-


Да покажеме дека сме вистински православни верници

Апел за помош за доизградба на манастирот Св.Петка во Туралево

пишува - Оливер Арсовски

Во живописните предели на кратовското село Туралево, во месноста викана Црковница веќе подолг период се гради манастир посветен на Св.великомаченица Петка. Благодарение на донациите на православните верници од целата држава и со божја благослов манастирот ги доби своите основни контури, но сеуште не го добил својот завршен изглед. Деновиве интензивно се гради камбанаријата, наскоро доколку се соберат средства ќе се градат и конаците и пристапниот пат, но проблем се финансиите. Благодарение на неколку кратовски семејства манастирот доби неколку прекрасни фрески во внатрешноста на зградата, а под самиот манастир домаќинката Шеќеринка хортикултурно уредила поголем простор во кој посетителите би можеле да минат пријатни моменти, правејќи спој на духовноста со природата. Редакцијата на весникот АБЕРЏИЈА упатува апел до сите добронамерни граѓани и верници да помогнат во рамки на своите можности (било со материјална помош, било со физичка работа) овој прекрасен манастир што поскоро да го добие својот конечен лик и да биде вистинско духовно прибежиште за верниците од нашиот крај.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.