Телемама е музичка инкарнација на визуелната уметница Драгана Заревска од Кратово. Нејзините навидум едноставни песни, отсвирени на акустична гитара и укулеле, се комбинација на лични приказни и социјална поезија, нежни и истовремено благо морничави. Во атмосферичноста на нејзиниот минималистички стил до посебен израз доаѓа евокативниот и шепотлив вокал.
„Мис слобода“ е деби-албум, кој содржи 10 песни, од кои 9 авторски и една преработка на „Песна за песот“ од скопски бенд „Ласт експедишн“.
Албумот е во издание на „Ако никој не свири“ и ќе биде достапен на цеде, во ограничен тираж.
Деби-албум на младата уметничка Драгана Заревска алијас Телемама
Најново

![]() | Денеска | 358 |
![]() | Вчера | 4757 |
![]() | Оваа недела | 20585 |
![]() | Минатата недела | 20253 |
![]() | Овој месец | 86891 |
![]() | Минатиот месец | 102633 |
![]() | Вкупно | 22380306 |















