gogo

A+ R A-


Децата од Кратово се запознаа со старите велигденски традиции ВИДЕО

Една стара, но подзаборавена велигденска традиција денес беше возобновена во Кратово. Помала група дечиња од Кратово се запознаа со старата велигденска традиција на к’цкање јајца, го посетија храмот „Св.Јован Крстител“, каде добија подарок велигденско јајце и мало крвче осветено од митрополитот кумановско-осоговски, г.Јосиф.
-Велигден го сакам поради две нешта. Едното нешто се шарените велигденски јајца и радоста кога се к’цкам со децата. Второто нешто е воскресението на Исус Христос. Исус ни покажа како да живееме – рече Дамјан.
-Велигден е еден од најголемите христијански празници и многу сум среќна кога го празнувам, особено кога ги бојадисуваме јајцата во нашиот дом – вели Рената.
Дечињата ја посетија етно-куќата „Шанчева“, каде добија подароци, а прошетката заврши кај старите кратовски борови, каде го учеа марифетот познат кај кратовци како к’цкање јајца. На крајот го гушнаа шествековниот бор и си посакаа велигденска желба.  Оливер Арсовски

ФОТОГАЛЕРИЈА https://www.facebook.com/media/set/?set=a.10152812586308957.1073741861.155289693956&;type=1

alt

alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.