gogo

A+ R A-


Денес е 8 април - меѓународен ден на Ромите

alt

Почитувани граѓани од ромска националност, нека Ви е честит празникот!

Осми април е денот посветен на историјата и културата на Ромите, кој се одбележува низ целиот свет, афирмирајќи ја потребата од поголема поддршка за ромската популација која се соочува со социјални и економски проблеми. Република Македонија со гордост го прославува 8 Септември, потенцирајќи го значењето на културните вредности и специфики на Ромската заедница. Ромите, како интегрален дел од македонското општество, се рамноправни со останатите граѓани и ги уживаат придобивките да го негуваат својот јазик и да ги развиваат својата култура и традиции, и активно да партиципираат преку своите партии во политичкиот живот.
Ромите се народ од индоеврпоско потекло. Тие се расселени на секаде низ светот и немаат своја матична држава. Нивниот број е околу 12 000 000 (некои тврдат дека толкава е бројката на Ромите само во Европа). Најмногу ги има во Турција (5 000 000), Романија (1 500 000), Шпанија (1 500 000), Унгарија (1 000 000), Бугарија (700 000), а ги има низ сите европски држави и во Америка.
Ромите во Македонија сочинуваат една од малцинските етнички групи. Според пописот од 2002 година, во Македонија живеат околу 53.879 роми или 2.66% од вкупното население. [1] Општина Шуто Оризари е единствената општина во светот каде мнозинството се роми[2], а воедно и единствена општина во светот каде ромскиот е официјален јазик, покрај македонскиот. Исто така со Уставот од 2001година Ромите во Република Македонја се признати како народ единствено во светот. Интересен е податокот дека Ромите се претежно населени во градовите, така што дури 95% од македонските Роми живеат во градските средини.
Првите доселувања на Роми на територијата на Македонија се забележуваат во Средниот век, односно околу XIV-от век. Нивното главно доселување е за времето на турските освојувања на Македонија кон крајот на XIV и почетокот на XV век, кога тие работеле како слуги на турските генерали и големци. Постои теорија и дека Ромите се доселени во Македонија уште од времето на Александар Македонски бидејќи тие работеле како негови ковачи при неговото освојување на Египет. Оваа теорија ја застапуваат дел од Ромите кои себеси се нарекуваат Египќани (Еѓупци) и се сметаат за посебна етничка група од Ромите, кои се со потекло од индиската област Пенџаб од народот Дравиди.
По религија огромното мнозинство од Ромите се муслимани, но постои и мал број на Роми со христијанска вероисповед (познати под името Масарманги, Масрманговци) кои живеат во неколку градови од источна и југо-источна Македонија.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.