gogo

A+ R A-


Денес промоција во Кратово на книга од етнологот Марко Китевски

Во Кратово денеска ќе биде промовирана книгата „Македонски празници и празнични обичаи“ од проф. д-р Марко Китевски.

knigapromoc

Книгата ја издаде книгоиздателството „Камелеон“, а за неа ќе зборува проф. д-р Илија Велев, научен советник во Институтот за македонска литература од Скопје.

Книгата претставува обемен научен труд издаден во 2013 година со 200 страници и голем број на фотографии од обичаите практикувани во секое село во Македонија.

Китевски е научен советник во Институтот за македонска литература и професор на постдипломски студии по предметите Народна култура и Македонски празници. Во изминатите четири децении објавил педесетина книги, како и трудови, статии, критики, полемики и друго.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.