Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 17 септември. Денеска е Св. маченички Вера, Надеж и Љубов и мајка им Софија. Во својот богослужбен циклус, Црквата на овој ден се сеќава на животот и мачеништвото на четири римјанки Вера, Надеж, Љубов и нивната мајка Софија. Овие четири христоподобни души беа приведени од римските власти за време на прогоните на императорот Хадријан, во првата половина на вториот век по Христа. Заради исповедањето на Христа и одбивањето да принесат жртви пред празниот идол на Артемида, Вера, Надеж и Љубов беа ставени на маки пред очите на нивната мајка и најпосле им беа отсечени главите. Софија ги зеде и ги закопа телата на своите три ќерки и откако помина три дена и ноќи во молитва над нивниот гроб, го предаде својот дух на Бога. Свети маченички Софија, Вера, Нада и Љубов, 30/17.IX. Светици што се многу почитувани кај нашиот народ На овој ден се празнува споменот на познатата Римјанка Софија која своите ќерки ги воспитала да имаат вера во себеси и во Бога, да имаат надеж во неговата добрина и љубов кон ближните и кон Севишниот. Именден празнуваат: Софија, Софка, Вера, Верица, Нада, Надежда, Натка, Љубе, Љупчо, Љубен, Љубомир, Љубосав, Људмил, Љуба.