Уште еден хуман гест стигна денес до нас од група луѓе познати како „промотори“ на Кратово. Неколкумина уметници и хуманисти изработија подароци за тимот кој ќе го оперира Давид Стојановски во Виена, како мала поддршка за успешна операција и заздравување на младиот кратовец.
Врвните македонски уметници Живко Поповски - Цветин и Стојанче Андонов - Дито насликаа прекрасни ликовни творби кои семејството на Давид ќе ги однесе лично на д-р Коц. Книги ќе подарат Васко Марковски и Моне од најмалиот етнолошки Музеј во Џепчиште, лековита глина „Сина ума“ подарува прилепчанецот Перо, а кратовецот Стевче Доневски ќе испрати промотивни туристички материјали за Кратово.
И секако, покана до доктор Коц на пролет да го посети Кратово и да го види на нозе својот пациент Давид.
Дито, Цветин и Стевче ќе испратат низа подароци за доктор Коц во Виена
Најново
![]() | Денеска | 706 |
![]() | Вчера | 3320 |
![]() | Оваа недела | 17620 |
![]() | Минатата недела | 24852 |
![]() | Овој месец | 15470 |
![]() | Минатиот месец | 138483 |
![]() | Вкупно | 22206252 |