Покрај главната сцена во центарот на градот, Кратово за време на „Златни денови“ ќе пулсира и на градскиот базен. За забава ќе биде задолжено познатото диџејско трио кое и минатата година направи луда журка, а нивните имиња се гаранција дека и годинава публиката ќе си замине задоволна.

















