gogo

A+ R A-


Едукативна работилница од проектот „е-ENGAGEMENT“ во сабота во Кратово

Петта едукативна работилница од втората фаза на проектот “е-ENGAGEMENT”

- проект за подигање на свеста и развивање на нови вештини и знаења кај младите луѓе за употреба на можностите и придобивките кои ги нудат новите дигитални технологии -

Во организација на Младински Сојуз со поддршка на фондацијата е-Македонија

https://10bez10.com/images/articles/2014/vesti/opshtina/e-engagment_macedonia_prilep.jpgНа ден 26ти Септември (11:00 часот) во Хотел Кратис, Кратово ќе се одржи петтата едукативна работилница од проектот “е-ENGAGEMENT”, организиран од страна на Младински Сојуз со поддршка на фондацијата е-Македонија и во соработка со Регионален центар за одржлив развој од Кратово. По успешните четири работилници во четири градови низ Македонија минатата есен, овој пат организираме 12 еднодневни работилници во 12 градови (Гостивар, Кавадарци, Куманово, Крушево, Струга, Вевчани, Струмица, Гевгелија, Св. Николе, Делчево, Кратово и Штип), со една главна цел зајакнување и охрабрување на младите луѓе за користење на дигиталните вештини, нови идеи и алатки кои ќе им овозможат да бидат што повеќе вклучени во решавање на општествените прашања кои влијаат врз нив. На оваа работилница во Куманово ќе земат учество стотина млади луѓе кои ќе се стекнат со социјални, дигитални и јазични вештини.

Проектот ќе резултира со завршна конференција во Скопје на која ќе учествуваат најмотивираните и најактивните млади и таа треба да резултира со заклучоци и препораки директно од младите луѓе.

Проектот има за задача да ги промовира предностите и придобивките од информатичките и комуникациските технологии помеѓу младите луѓе со посебен акцент на агажманот во информатичкото општество. Младите ќе се учат да најдат информации, да формираат мислење, да ги изразат своите сопствени ставови како и да придонесат за позитивни промени во општеството без разлика дали дејствуваат во нивно лично име, преку училиште или преку одредена младинска група. На конференцијата ќе земат збор многу активни млади луѓе кои ќе се обидат да ги мотивираат младите да земат поголемо дигитално учество во општеството.

Ние, Младински Сојуз поддржани од фондацијата е-Македонија, сакаме да објавиме официјален старт на нов циклус едукативни работилници од втората фаза на проектот e-ENGAGEMENT. Судејќи според досегашните активности, проектот силно се стреми кон остварување на својата главна цел зајакнување и охрабрување на младите луѓе да ги користат дигиталните вештини за усовршување на сопствени знаења и умеења, но и за поттикнување и спроведување на позитивни промени во општеството.

Младински Сојуз заедно со своите партнери ги охрабрува младите да бидат лидери и креатори на иднината, како во граѓанското општество, така и во младинската соработка.

Поддржете не и Вие во промоција на оваа наша мисија!

Лице за контакт:

Марија Арсоска

Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите "> Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите / тел. +389 70 27 11 27

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.