gogo

A+ R A-


Гласањето заврши, македонското знаме најубаво во светот

Македонското и британското знаме беа финалисти во трката за најубаво знаме во светот. Овие две знамиња освоија најмногу гласови во анкетата на канадскиот весник „Провинс“ (The Province) којашто започна на крајот на јануари.

Од вкупно 64 национални знамиња, избрани се четирите најдобри: македонското со 2741 глас, британското со 1326, канадското знаме освоило 783, а германското 607 гласа.

final-620x396

За учество, весникот ги избрал земјите врз основа на етничкото потекло наведено од страна на канадските домаќинствата во 2011 година. Гласањето траеше до вчера, 13 февруари. На 15 февруари Канада го слави и нејзиниот национален симбол, јаворовиот лист кој се наоѓа на канaдското знаме.

– Можеше да се гласа до петокот, и ние ќе го прогласиме победникот во неделното издание на весникот – повикуваа од редакцијата, потсетувајќи ги гласачите дека како и секогаш, тие се “заинтересирани само за дизајнот на знамето, а мислењата за нацоналностите и нивните политики нема да бидат фактор”.

По вчера завршеното гласање, македонското сонце ја освои победата над британското знаме!

Screenshot_15

Да ни е вечно!

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.