gogo

A+ R A-


Голема прослава на празникот „Св.Илија“ на браната Злетовица

http://www.churchholytrinity.com/includes/images/elijah.jpgСите христијански верници од Кратово и околината годинава ќе имаат избор плус за прослава на празникот „Свети Илија“. Покрај неколкуте празнични собори на различни локации, од оваа година голема прослава на Илинден на 2-ри август ќе се случува на браната „Злетовица“ кај работничките бараки. Овој голем црковен собор е во организација на луѓето кои потекнуваат од Кнежево, а на настанот се очекува да присуствуваат голем број граѓани од Кратово, Пробиштип, Злетово и околните села.
По тој повод ќе има и организиран превоз од автобуската станица во Кратово. Цената на повратен билет ќе изнесува 200 денари.

 

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.