gogo

A+ R A-


Големо Градиште - Коњух влезе во потесниот избор за „7 најзагрозени“ локалитети во Европа

Водечката организација за Европско наследство „Европа Ностра“ и Институтот на Европската инвестициска банка ја објавуваат листата на 11 локалитети и споменици на културата, влезени во потесната селекција на програмата „7-те најзагрозени“ за 2014 година. Меѓу загрозените знаменитости, altселектирани од страна на меѓународна група на експерти, покрај Големо Градиште - Коњух се: средновековен манастир во Ерменија, две историски маала во Касторија, Грција, цитадела од 18-от век во Италија, театарска сценска опрема од 19-от век во Белгија и резиденцијален комплекс од 20-от век во Русија.Некои од спомениците се загрозени поради недостаток на средства или експертиза, а други поради негрижа и неадекватно планирање. Објавата на потесната селекција за оваа година се поклопува со отварањето на конференцијата „Наследството на прво место: кон заеднички пристап за одржлива Европа“, која ќе се одржи во Атина. Финалната листа на 7-те најзагрозени споменици ќе биде објавена на 5 Мај, за време на конгресот „Европско Наследство“, во Виена.

-Со цел да привлечеме повеќе внимание и финансисери за Големо Градиште - Коњух, минатата година го номинирав локалитетот во една европска програма наречена „7-те најзагрозени“. Убавата вест е дека Коњух влезе во потесната селекција на 11 најзагрозени локалитети и споменици на природата во Европа, а конечната листа http://www.marili.com.mk/web/data/image/naslovna_3.jpgја очекуваме на 5 мај. Се надеваме на европска финансиска помош за големите планови што ги имаме, локалитетот Големо Градиште да го претвориме во археолошки парк и целосно да ги конзервираме четирите цркви таму - истакна археологот Горан Санев, кој со голема посветеност го истражува локалитетот заедно со Американката Каролин Снајвели.

 


 

1. Манастирскиот комплекс посветен на Свети Ѓорѓе во Ерменија
Комплексот (10-13 век), е сместен во богатиот културен пејзаж на селото Дсех. Се наоѓа во длабоката зелена клисура, каде се сместени и камени структури од главното здание кое сега е руина, без покрив и зараснато во плевел. Со рехабилитацијата ова место би прераснало во туристички центар.

2. Театарот Бурла, Антверпен, Белгија
Овој објект е познат по тоа што има оригинална сценска опрема која датира од 1834 година. И покрај реставрацијата која била извршена во 1993 година, кога била опфатена и неокласицистичката зграда, на театарот му е неопходна реставрација и понатамошна грижа, која нема да се однесува само за сценската опрема.

3. Тракиското светилиште во Мишкова Нива, Бугарија
Ова светилиште датира од 5 до 3 век пред н.е. Лоцирано е во средиштето на најголемиот природен парк, а до светилиштето може да се дојде само по шумска патека. Подигнато е на фино изработени мермерни блокови, а најимпресивниот елемент од конструкцијата е периферниот прстен во пречник од 25 метри.

4. Квартовите Долчо и Апосари, Касторија, Грција
Квартовите со средновековни цркви и вили од 18 и 19 век, го прават овој планински град на езерскиот брег, еден од најкарактеристичните градови во Југоисточна Европа. За време на Втората светска војна куќите и знаменитостите во Касторија, претрпеле значајни оштетувања.

5. Александриската цитадела во Италија
Ова е најзначајната хексагонална тврдина во Европа според проценката на УНЕСКО. Се простира на 74 хектари површина и е идеален пример за тврдина од модерен тип, изградена во периодот 1732-1808 година, а била во центарот на неколку клучни историски моменти, важни за Италија и за Европа.

 

alt

 

6.Големо Градиште, Коњух, Македонија
На ова доцноантичко наоѓалиште од крајот на 5 и почетокот на 6 век, се лоцирани остатоци од римскиот град Дарданија. Распространет е на 17 хектари површина и неговиот урбанистички план фортификација и црквите претставуваат иницијална фаза за развој на европскиот урбанизам и сакралната архитектура. Ископувањата открија уникатни начини на градба.

7. Локалитетот Пако де Вилар де Пресидес, Монталер, Португалија
Овој локалитет обезбедувал материјална и духовна поддршка на намерниците кои патувале кон Сантјаго де Компостела. Основан е во 1555 година, и во себе опфаќал болница, аптека и капела.

8. Кули со 120 ѕвона, Португалија
Двете кули Мафра, кои исто така се наоѓаат во Португалија, поседуваат 120 автентични бронзени ѕвона. Овие извонредни музички инструменти слични на оргули со ѕвона со дијапазон од 4 октави се најголемите сочувани кариљони од 18 век.

9. Дрвените цркви во Јужна Трансилванија и северна Олтенија, Романија
Изградени се од мали заедници во 18 и 19 век, при што е користено дрво од богатите романски шуми, преку традиционалната градителска техника. Скромната архитектура на овие цркви е унапредена со привилегирана локација и со мурали кои имаат значајна уметничка вредност.

10. Населба Колор Роу, Черњаковски, Русија
Изградена е во 1924 година, и претставува единствен преостанат проект на реномираниот германски архитект Ханс Шарун во поранешна источна Прусија. Прототип е на модерната домашна архитектура и предвесник на останатите пионерски проекти во Германија.

11. Синагога во Суботица, Србија
Ова е еден од најубавите примери на арт нуво сакралната архитектура во централна Европа. Проектирана е од страна на унгарски архитекти во 1902 година. Некогаш
синагогата била духовен дом на големата еврејска заедница, но по Втората светска војна е запоставена.


 

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.