Во категоријата јуниори, готвачот Цветанче Тодоровски од Кратово од ресторанот “Етно село Тимчевски“ – Куманово доби златен медал за подготвување на паста и бронзен медал во black boks - блек бокс категоријата за јуниори.
Меѓународниот гастрономски натпревар се одржа на 18 и 19 октомври во Скопје во организација на Здружението на готвачи ГАСТРО МАК, членка на WACS (Светската асоцијација на шефови на кујни). Натпреварувачкиот дел се случуваше во Хала 4 на Скопскиот саем во двата работни дена на 18 и 19 октомври од 8 до 20 часот. Македонските гастрономи беа домаќини на 200 гости меѓународни судии и натпреварувачи од повеќе земји (Бугарија, Албанија, Србија, Хрватска, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Словенија, Италија, Романија, Швајцарија, Словачка, Шведска,како и гости од Турција, Израел и Египет).