gogo

A+ R A-


Христос се роди! Честит Божик!

Божик е денот на христовото раѓање според христијанската традиција. Тоа е втор најголем празник во христијанството, по Велигден. Црквите кои го користат Грегоријанскиот календар, вклучувајќи ги сите католички, протестантски и повеќето православни цркви, го прославуваат на 25 декември. Црквите кои го користат Јулијанскиот календар, вклучувајќи ја и Македонската православна црква, го прославуваат Божиќ на 7 јануари. Со вечерата на денот пред Божиќ (Бадник) завршуваат предбожиќните пости.
Foto


Во повеќето земји во светот со значителен дел на христијанско население, вклучувајќи ја и Република Македонија, Божиќ е празник и неработен ден.
Празнувањето на Раѓањето Христово се појавува уште во почетокот на христијанството, најверојатно во апостолскиот период. Апостолските правила одредуваат ден за празнување на Раѓањето Христово (25 декември), покажувајќи ја смислата на тој празник за Црквата: „Внимавајте браќа, првиот празник меѓу празниците е Рождеството Христово.“
Времето кое му претходело на Рождеството Христово било исполнето со длабоко чувство за едно безгранично зло. Во секој момент се чувствувала несигурноста на тоа време. Светот пред Христовото раѓање наликувал на добро изорана нива, подготвена да го прими семето на вечниот живот - начелото на идниот век.
Навуходоносор во неговиот таинствен сон го гледа образот на Рождеството Христово, протолкуван од Данаил (2 глава). Карпата којашто се отцепила од планината без да ја допре човечка рака и го разрушила големиот идол е образ на Христовото раѓање.
Обично во иконата на Христовото раѓање Спасителот има сликовита врска со каменот кој го победил и разрушил страшниот човечки егоизам, во ликот на идол. Младенецот е претставен повиен, во средина на иконата. Земјата во иконата на Рождеството Христово не се претставува мазна и рамна, туку е полна со движење, разиграност, ридови и процепи. Тоа движење потсетува на морските бранови.
Обично во иконата на Рождеството се изобразуваат исто така и ангелите, мудреците и пастирите. Ангелите, како први гласници на Радосната вест за Рождеството Христово, мудреците и пастирите - претставници на човечкиот род, се поканети да му се поклонат на Христа.
Во горниот дел од иконата се претставува ѕвездата која ги води мудреците на еден начин кој ретко се среќава. Таа е испратена да стои точно на врвот од пештерата. Витлеемската ѕвезда се запазува како симбол не само во иконата на Рождеството, но и во Светата Литургија. Свеќникот кој се поставува во повечерието на Рождеството во средината на храмот, исто така ја симболизира ѕвездата. Очигледно е дека таа зазема многу важно место на празникот Рождество, зашто е древен симбол на Христа, како што ни сведочи и Откровението: „Корен и потомок сум Давидов - Свтла и Утринска Ѕвезда.“
Обично е изобразен и Јосиф, заштитникот на Дева, исполнет со тага, измачуван од сомнежи, неможејќи да го разбере таинството на Раѓањето на Синот од Девата. Карактеристично за многу икони на Рождеството е дека Богородица гледа не кон Спасителот, туку кон Јосиф, со поглед исполнет со разбирање и длабока сочувствителност. Очигледно е дека таа со сите сили сака да му помогне. Иконата на Христа е образец или слика на бесконечната слава на доброволното предавање на Христа.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.