gogo

A+ R A-


Интервју со Глорија Ефремова, млад ликовен талент од Кратово

altГлорија Ефремова е ученичка во деветто одделение во Основното училиште „Кочо Рацин“ во Кратово. Во неа се крие несомнен потенцијал за уметничко изразување во областа на сликарството. Добитничка е на повеќе награди на ликовни конкурси. Глорија одлучи за читателите на порталот АБЕРЏИЈА да сподели моменти од нејзиниот живот и од каде ја црпи уметничката инспирација за прекрасните ликовни дела.


Од кога постои желбата кон уметноста кај вас?

Мојата желба кон уметноста постои уште од 5 години кога тргнав на училиште, многу ми беше забавно да цртам и се трудев да го нацртам секој детаљ додека пак моите соученици и учителките го приметуваа тоа.


Вие
сте ученик во О.У. "Кочо Рацин" - Кратово, успевате ли да одвоите време за сликарството покрај сите други обврски?

Секако, сега сум ученичка во последната година од основното училиште и како на секој ученик образованието и успехот ми се важни, но наоѓам време и за она што ме привлекува и инспирира.Во слободно време иако го имам многу малку сликам и така се опуштам.


altОд каде црпите инспирација и кои се
твоите идни планови?

Најголема инспирација е мојот градот во кој живеам и од него црпам најмогу идеи, ги цртам работите кој секојдневно ги гледам како што се кулите , мостовите,старите куќи и сокаци. Но ме привлекува и надреализмот во кој имам повеќе слобода да го изразам она што го чувствувам т.е она што го замислувам. Во иднина планирам да се надоградувам и да стекнам повеќе квалитети во уметноста со кои би стигнала до посакуваниот успех.

 

Која од техниките на работа ти е најомилена и највеќе ти лежи?

Најмногу го сакам цртањето со молив, но го сакам и сликањето со бои бидејќи боите се впечатливи за секое око.

Кој дел од денот ти е најинспиративен за творење и дали имаш омилено катче од домот што ти е најпогодно за сликање?

Вечерта ми е најомилен дел од денот за цртање, иако и утрата ме привлекуваат со својот сјај, но немам посебно омилено катче. Сакам да цртам на отворен простор особено на балконот, од кој имам прекрасна глетка кон мојот град. Тој ми ја инспирира душата и ме надарува со многу идеи за нови цртежи.

altДали досега имаш учестувано на изложби и
која ти е најдрагата награда?

Имам учевствувано во повеќе натпревари во кој се бара добра изработка, како што се лесновската ликовна колонија каде што освоив награда , моите цртежи беа објавени во списанието Наш свет, но најомилена ми е кратовската ликовна колонија во која го освоив првото место оваа година, сепак најдрага награда ми беше што запознав нови пријатели и научив повеќе техники од нивните искуства.


Што би им порачала на младите кои имаат уметнички потенцијал во себе?
Јас на младите кои имаат уметнички потенцијал би препорачала да : Веруваат во себе и секогаш да продолжат со цртањето, иако не се задоволни од почетокот. Бидејќи уметноста нема граници , да се надминуваат самите себе , зашто тоа е клучот до успехот, а можеби така цртајќи и да отркијат некој талент во себе.alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.