Сојузот на борци во Кратово продолжува со активности со кои ја реализира годишната програма. Професорот по историја и претседател на боречката организација, Миле Марковски, пред поголем број гости одржа историски час за учеството на Македонија во Првата и Втората светска војна, со акцент на погубните за нас две балкански војни. Часот предизвика голем интерес кај гостите.


















