Во организација на Сојузот на борци во Кратово, денеска се одржа историски час во Музејот на Кратово. Свое предавање имаше историчарот Миле Марковски, а учениците од основното и средното училиште прочитаа песни и реферати посветени на Даме Груев, Свети Климент Охридски и Кочо Рацин.



















