gogo

A+ R A-


Изложба на сликарката Симона јакимовска во Кратово

Во Музеј на град Кратово утре во 12.30 часот ќе биде отворена изложбата на цртежи и графики “Бесконечност“ на Симона Јакимовска.

ThumbnailИзложбата содржи 20 - тина дела графики и цртежи работени во периодот од последните две години и ја отсликуваат моменталната тематско-техничка окупираност на Симона Јакимовска.

Младата графичарка е родена во Куманово во 1990 година. Средно уметничко училиште завршила во 2008 година. Во 2012 година Јакимовска дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје ,оддел графика со насока графички дизајн и е при крај со магистерските студии на Универзитетот ФОН.

Досега Јакимовска учествувала на десетина групни и реализирала две самостојни изложби.

Координатор на изложбата која ќе се оддржи во Кратово е НУ Центар за култура “Трајко Прокопиев“ - Куманово.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.