Вечерва во КИЦ во Софија ќе биде отворена ретроспективната изложба на старата кратовска архитектура.
Истата ќе биде претставена преку цртежи и слики на деца, учесници на традиционалната Детска ликовна колонија, која по 19-ти пат се одржува во организација на Домот на културата „Лазар Софијанов“ од Кратово.
Учесници на оваа детска колонија се деца од Република Македонија и ученици од соседните Бугарија и Србија.
Изложбата е инспирирана од убавините на старата градска архитектура на градот Кратово, а најчести мотиви на талентираните млади учесници се градските кули, мостови, чешми и старите кратовски куќи.
Изложбата ќе ја отворат директорите на Културно-информативниот Центар на Република Македонија во Софија, Васко Шутаров и на Домот на културата во Кратово, Живко Крстевски.