gogo

A+ R A-


Изложбата „Кумановски графичари“ од утре во Кратово

Утре во Изложбениот салон на ОУ Музеј на град Кратово ќе биде отворена изложбата на графики - „Кумановски графичари 2013“.

alt

Координатор и носитал на  проектот е НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ - Куманово. Се работи за биенален проект којшто има за цел да  го претстави актуелното графичко творештво на кумановските академски графички уметници. Оваа година учество зедоа: Зоран Јакимовски, Магда Величковска, Стефан Јакимовски, Ханифе Ислами, Милена Тоневска, Валентина Илијевска и Симона Јaкимовска.

Проектот „Кумановски графичари“ и оваа година ќе продолжи во  континуитет да ги презентира најновите графички реализации на академските графичари од Куманово.

Изложбата ќе биде поставена до 15-ти февруари 2014. година.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.