gogo

A+ R A-


Извадок од Историја на Македонија од Павел Шатев во „Македоника“

alt

Извадок од досега необјавената Историја на Македонија на Павел Шатев е објавен деновиве во двобројот 5-6 на списанието „Македоника“, кое од минатата година го издава  „Македоника литера“. Со Историјата, наведува издавачот, Шатев се легитимира за прв македонски интелектуалец историограф кој ја користи научната методологија и кој пишува историја на Македонија.

- Во богатата оставина во ракопис на една од најзначајните личности од македонската историја – Павел Шатев, меѓу другото, се зачувани и повеќе трудови за историјата на Македонија кои, според опфатот на историските периоди, ја зафаќаат речиси интегралната историја на Македонија. На историјата на Македонија Шатев и се посветил последните години од својот живот, користејќи и цитирајќи релевантна светска литература, информира „Македоника литера“.

Во списанието се објавени и досега недоволно познати документи и материјали пишувани од Методија Шаторов-Шарло, како и други прилози од културната историја, меѓу кои се спомени на Оливера Тренчева за Костантин Тренчев, еден од основачите на ВМРО 1945 и иницијаторите за плебисцит за самостојна македонска држава во 1945 година, статии на Науме Радически за браќата Миладиновци, нивниот зборник и за неразрешената загатка за нивниот животен крај, на Стефан Влахов Мицов за Илинденското востание и македонската еманципација, Нина Анастасова-Шкрињариќ пишува за дионисиските елементи во македонскиот фолклор и претставата за самовилите...

По повод стогодишнината од раѓањето на Коле Неделковски објавена е негова родољубива лирика, а на крајот на двобројот на списанието е објавена рубриката со библиографски описи на петнаесетина нови изданија посветени на македонски теми.

Главен и одговорен уредник на списанието е Науме Радически, а во редакцијата за овој број се Горан Калоѓера од Хрватска, Мирослав Коуба од Чешка, Волф Ошлис од Германија и Нове Цветаноски од Македонија.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.