gogo

A+ R A-


Какви мистерии крие Писан камен кај Шлегово?

На патот према Шлегово (кратовско село за кое понатака ке видиме дека и не е баш село) кое од Кратово е одалечено само неколку километри - во еден предел близу до еден поток застанавме до една од многуте мистерии во овој крај ... Од патот горе каде ја оставивме колата на педесетина метри надолу лежи сега еден мал Манастир - кој е изграден близу до некаква испосничка келија ... близу која пак тече мал поток ... а од некаде извира вода која е каприрана во ена мала чешмичка ... вода за која се верува дека е добра за очите ... Оние кои имаат проблем со видот ... Додека сликав се примети дека над вдлабената испосничка келија во карпата има и две фрески во карпата кои за жал времето и негрижата ги избледела ... Келијата (пештерата де ..) е со капацитет слободно да сместат троица во лежечка положба ... На мала висина е од земјата ... ем лесно може да се качиш во неа ... ем додека спиеш сигурен си дека нема така лесно да пријде некое диво животно - кои во времето кога е келијата градена веројатно ги имало доста ... 

altМестото е наречено Писан Камен - во превод значи милостив камен ... Се сеќаам баба ми викаше за некој што и се допаѓа “убава на баба како писана си“ ... Јас тоа го превидував како лична ... Или викаше “види колку е убава како писана да е“ ... Бабами е родена и целиот свој живот го има преживеано во релативна близина на Кратово ... Старо Нагоричани де ... поживеа 93 години ... Прикаската за излекување од болеста на слабиот вид е поврзана и со преспивање во келијата ... за што има голем интерес во одредени периоди од годината ... На сон им доаѓа на луѓето дека треба да преспијат во пештерата, да се мијат со водата ... и да оздрават ... 
Во близина на испосничката келија е изградена и мала  Црквичка која почнала да ја гради извесна жена од Шлегово - одкако и  се сонило дека тука треба да подигне храм во спомен и почит кон св.Илија ... Таа започнала и изградила дел - но работата ја довршиле Кратовчани и жителите на Шлегово, со доброволни прилози и доброволна работа ...

Традиција на Кратовчани и блиското Шлегово е на ова место да се слави св.Пророк Илија и тука да доаѓаат за втори Август ... со сите адети на бирање кум ... ручек и другите обичаии ...

Се раскажува дека на времето кога требало да се гради пат - кој првично бил трасиран точно над местото над испоосничката келија и светата вода - се случило трагедија ... Имено едно дрво при неговото сечење паѓајки го усмртило човекот ... Некоја сила ги натерала луѓето потоа да го изместат патот таму каде сега проаѓа ...

Има податок дека Кратовско Злетовската област (Осоговијата) има скоро триесетина вакви пештери (скитови) во кои некојпат живееле испосници ... Осоговијата е полна со вакви јами и со испосници ... Не е случајно  што во блиска околина има неколку познати испосници (пустиножители ...) кои живееле близу до Осоговските Планни како што се Гаврило Лесновски ... Јоаким Осоговски ... Рилски бо денешна Бугарија и Прохор Пчињски ... За сите нив кружат легенди ... но поврзани со настани кои се опишани и во историјата ... Сите се прогласени за светци и чудотворци и посветени им се големи манастирски Цркви ... кои опстојуваат и до ден денешен ... Тоа е времето на чудата во средниот век ... времето на мистерии ...  

извор - воланблог

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.