Општина Кратово ќе соработува со Амбасадата на народна Република Кина. На покана на лидерот на СПМ Љубисав Иванов Ѕинго, амбасадорот дојде во официјална посета на градот. На средбата дипломатскиот претставник на Кина изрази огромно задоволство што конечно го запознал македонскиот политичар на кого со години му се восхитувал.
Посетата амбасадорот ја искористи за да се сретне и со градоначалникот на Кратово.
- Воодушевен од градот на кулите и мостовите, изненаден од богатата култура и историја, амбасадорот на народна република кина по прошетката низ најстариот град на балканот, изрази желба финансиски да помогне во реконструкција и заштита на неколку вековните градби во Кратово.
Поволната географска положба и богатиот извор на природни ресурси го заинтересираа амбасадорот на Кина да размисли и за инвестиција во областа на земјоделието. На средбата беше присутен и министерот Љупчо Димовски со кого разговараа за идните проекти кои сака да помогне да се реализираат во Кратово.
http://sitel.mk/mk/kina-zainteresirana-finansiski-da-pomogne-za-zashtita-na-kratovskite-spomenici-0