gogo

A+ R A-


Кој сум ЈАС? - филозофски есеј на Јулијана Досева

alt

(Есејот е напишан на часовите по филозофија во С.О.У. „Митко Пенџуклиски“ - Кратово)

Која сум, всушност, јас? Што сум јас на овој свет? Која е суштината на тоа што постојам? Зошто постоиме сите ние? Која е смислата на нашето живеење? Многу прашања, одговори нема. Можеби и има, но кој е точниот, кој е вистинскиот одговор? 

Не постои! Или, пак, можеби постои, но колку е вистинит? Кој на светов ја дал точната дефиниција за тоа кои сме ние! Јас знам се за себе, а можеби и незнам. Си дадов за задача да откријам ,всушност, која сум и што сум.

Се родив, пристигнав на овој свет, излегов од мрак, темница, затворен простор. Одеднаш почувствував силна светлина. Претходно дишев со мајка ми, а од тој момент веќе сама. Јас сум само дел од овој, нов свет, кој ми нуди многу нешта, ми отвара многу патишта, ми поставува многу искушенија, изборот е мој . Се е различно . Тие први моменти , први чувства се веќе заборавени , но од тогаш започнува се . Почнува мојот живот . Борбата за понатаму .

Секако не го паметам првиот ден , првиот месец , ниту година , па ни втората. За третата точно незнам , има нешто , можеби , но бев премногу мала за да се оптеретувам со тоа која сум и што сум , што правам , како и зошто , но сепак и тоа е дол од “Јас”.

Растев почнав да разбирам , на некој чуден начин , но сепак имав некаква претстава за животот . Почнав да учам како и секој човек кој учи се додека е жив. Најпрвин учев од најблиските , потоа излегов на улица , можеби најдобриот учител на животот , подоцна се запознав со градинката , како и старите дрвени клупи и столчиња на училиште.Се соочив со животот.

Родителите ме учеа , и научив дека пред се , треба да внимавам на себе и налуѓето околу мене . ме учеа да бидам добра , културна и фина , го сватив и тоа . Ме научија да бидам со чист образ , искрена , со големо срце и чиста совест , но пред се човек.

Малку подоцна се запознав со , како што веќе реков , најдобриот учител на животот , улицата . Се е веќе различно . Додека мама ме учеше да бидам добра , фер личност , останатите ми докажаа дека така не оди . Додека јас се грижев за себе и другите , никој не се грижесе за мене , сите сакаа да ми наштетат , јас сепак останав она што бев .

Научив дека она што го имам треба да го поделам со сите , да бидам другар , пријател , но и тоа беше грешка .

Дадов се ! – А не добив ништо!

Ме учеа да им помагам на луѓето , помагав , и пак згрешив. Помагав секогаш , а кога најмногу ми требаше , немаше никој ,но ете таква сум . Тоа сум јас.

Се сретнав со првата учителка , одеднаш многу деца собрани на едно место , заедничко е се , заеднички се играчките , буквално се . Научивме дека треба да делиме се , да си помагаме меѓу себе , да другаруваме . Тука сватив колку е невкусна , себичноста , колку е убаво кога не си сам , како е да плачеш и да се смееш истовремено . Научив многу нешта кои помогнале да бидам она што сум .

Првата книга , првите букви , првите тогаш , вистински пријателства. Стравот , треперењето , како и авторитетот на учителот ме научија на послушност и покорност .

Станувањето секое утро во истото време , подготвувањето , тргнувањето како и пристигнувањето на училиште беа дел од стекнувањето на чувство на одговорност .

Растев се повеќе и навиките се менуваа . Се станува различно . Она што го научив го знам , но не сето тоа го применувам . Денес учам од животот , од моите како и од туѓите грешки . Да , вчера згрешив , признав , но денеска научив.

Го нема повеќе невиното , наивното детско лице . Станав посилна , но сепак кршлива , непокорлива , по малку непослушна . Понекогаш луда , не психички пореметена , туку во постапките . Понекогаш тивка и мирна . На моменти дива , а сепак толку кротка . Најчесто културна , но на моменти и арогантна . За добрите добра , но не и на оние кои ми нанеле зло . Фер кон оние кои ми значат и оние кои биле фер спрема мене , но не дозволувам да ме згази никој . Многупати скршена од болка , а сепак секогаш насмеана , без обзир на тоа дали е лажна или вистинска , секогаш е , и ке биде присутна насмевката . Пред се да не се ситат непријателите , и да се радуваат пријателите . И да страшлива сум , но сепак сум храбра , затоа што до мене се луѓето на кои им верувам , сеуште верувам во нив .

И што сум , поточно , која сум јас ?

  • Јас , јас сум само суштество , како и секое друго на светов . Суштество кое што има душа , срце кое чука , ум кој работи . Јас сум само тронка од светов , тронка која самата за себе си има своја големина .

Да , јас сум само скитник , патник , талкач на земјава , а дали сте пак вие нешто повеќе?


Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.