На 11 јуни, сабота, со почеток во 20 часот, во Мултимедијален центар (кино сала) во Кратово, театарот ,,Чекори" премиерно ќе ја изведе својата најнова театарска претстава ,,Гласови", во режија на Маја Ѓурчевска. Улогите ги толкуваат Марко Џамбазоски и Никола Димевски. Делото спаѓа во жанрот комедија, а картите можат да се набават на самиот влез, пред почеток на претставата, по симболична цена од 100 денари.
Â