Како дел од проектот „Волонтерски сервис за лица со посебни потреби“, синоќа во Кратово се одржа голем хуманитарен концерт. Суперхикс, Влатко Илиевски, Благица Павловска, Круме Спасовски, Атина Апостолова, Амајлија бенд, Бени Шаќири и многу други естрадни ѕвезди четири часа ги забавуваа кратовчани, кои и овојпат ја покажаа својата хумана страна. Притоа се донираа средства на собирните пунктови и преку мобилните оператори.
-Ова е континуитет на претходно спроведените активности во претходните девет месеци, со кој сакавме да ја анимираме пошироката јавност за проблемите со кои се соочува оваа категорија на граѓани. Според демографската структура, во Општина Кратово живеат над 25 проценти старо население над 60 години. Имаме и 46 лица со посебни потреби до 26 години и двојно повеќе над 26 години, или вкупно 120 лица со посебни потреби – вели Борјанчо Мицевски, координатор на настанот.
Организатор на манифестацијата беше „Регионалниот центар за одржлив развој“ од Кратово со средства обезбедени од УСАИД. Оливер Арсовски
Кратовчани се забавуваа со музичките ѕвезди и донираа за лицата со посебни потреби (ВИДЕО)
Најново
![]() | Денеска | 1359 |
![]() | Вчера | 10049 |
![]() | Оваа недела | 32533 |
![]() | Минатата недела | 31600 |
![]() | Овој месец | 23803 |
![]() | Минатиот месец | 133267 |
![]() | Вкупно | 20941812 |