Проектот Управување со речниот слив на река Брегалница „Вода за живот“ финансиран од Швајцарската влада, а имплементиран од Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со МЗШВ во Виница организираше завршна активност за подигнување на јавната свест за прашања поврзани со водата по течението на река Брегалница.
- Во проектот се вклучени 15 општини од брегалничкиот регион кои учествуваа во чистењето на река Брегалница, Кочанска, Кратовска и Зрновска река. Во текот на денот во Виница се реализираа повеќе активности меѓу кои експерименти за прочистување на вода, изработка на макета за теченито на Брегалница, како и тестирање на вода - примероци од локални бунари и испитување на основните хемиски параметри. Проектот во целост е успешен, изјави Владимир Ставриќ, заменик проектен менаџер.
Во рамките на проектот се одржа и предавање на тема „Притисоци и влијание на земјоделството врз водните ресурси во брегланичкиот регион“ со професор доктор Душко Мукаетов и предаваење на тема „Одржливо користење на вода во производството на ориз“ за кое предавачи беа Јозеф Рикман и Панче Николов од програмата за зачувување на природата.
Учениците од кратовската гимназија беа наградени со филтерница за вода како општина во која најактивно се чистеше речното корито на Кратовска река.
На манифестацијата во Виница првата награда за најдобра фотографија на тема „Вода за живот“ ја доби Благој Данев од општина Зрновци.