gogo

A+ R A-


Кратово да го врати сјајот на Тодорица! Сите на плоштад!!!

http://images.tirekovmirece.com/images/theodor-tiron-12032011172406.jpgМожеби помладата генерација кратовци не памети како изгледала прославата на Тодорова сабота пред 20 или 30 години, но постарите жители на Кратово одлично паметат каква фешта се случуваше на плоштадот. Река народ од автобуска станица па се до Пошта, тапани и свирки на 2-3 места, оро и веселба на секој чекор, распламтена скара и мирис на колбаси и плескавици. Посебна радост за помалите беше „шеќерната вуна“, тој сладок специјалитет кој ги мамеше децата првпат да го вкусат во својот живот. Посебни емоции буди стариот ситен Ром, кој секоја година на Тодорица ќе ја поставеше гајбата со шишиња, и ќе ги натераше гостите барем еднаш да си ја испробаат среќата и да ги фрлат малите крукчиња кои требаше да завршат на грлото од шишето за да се лапне некоја од наградите.
Овој празник Кратово го слави со векови, барем така кажуваат старите кратовчани кои подобро ја знаат традицијата и историјата на старо Кратово. Да не дозволиме, посебно помладата генерација кратовчани, овој празник познат како Тодорица да исчезне, да се минимизира неговото традиционално значење за Кратово. Кратово ги повикува граѓаните од цела Македонија да дојдат во градчето на кулите и мостовите, да уживаат до доцна во ноќта, да го почувствуваат духот на Свети Теодор Тирон.
Времето е убаво, сонце блеска над Кратово, ми доаѓа да воскликнам: Сите на плоштад!

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.