gogo

A+ R A-


Кратово доби мозаична фонтана

Заврши изработката на мозаикот на градската фонтана во центарот на Кратово. Инсталацијата на мозаикот траеше изминатите неколку денови по што  беше комплетиран новиот урбан лик на фонтаната која го краси градскиот плоштад.

– Активноста се спроведе во рамки на проектот „Мозаик – соработка во традиција и современо живеење“ 2019. Изминатите денови во временскиот интервал од 11 до 14 часот граѓаните имаа можност да учествуваат во креирањето и инсталацијата на мозаикот. Целта  на  настанот е да им се овозможи на сите заинтересирани граѓани да земат учество во овековечувањето и создавањето на новото уметничко дело, како и да остават свој белег, а со самото тоа да ја почуствуваат важноста и значењето на мозаикот како уметност, изјави Јасминка Давитковска од Општина Кратово.
Автор на мозаикот е Јасмина Бошевски, дипломиран уметник, која на присутните граѓани им ја претстави техниката на изработка на мозаикот како уметност, давајќи им инструкции при креирање на истиот.

Проектот е во реализација на Здружението „Добредојде Македонија – Welcome center“, во соработка со Општина Кратово и финансиска поддршка од Министерството за култура.

Фотографија на Tourist guide Kratovo.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

my way

aberdzija 10 godini

youtubeplayer-xlarge

sil

Sanceva

Busbunar

mod_vvisit_counterДенеска1217
mod_vvisit_counterВчера10683
mod_vvisit_counterОваа недела52998
mod_vvisit_counterМинатата недела57648
mod_vvisit_counterОвој месец117065
mod_vvisit_counterМинатиот месец256384
mod_vvisit_counterВкупно15067571
© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.