gogo

A+ R A-


Кратово е домаќин на шестиот меѓународен фестивал на етнолошки филмови

">

http://sitel.com.mk/sites/default/files/article/teaser-images/2017/march/kino_film_-112262.jpg

Во Музејот на Кратово вчеразапочна шестиот меѓународен фестивал на етнолошки документарни филмови „Кратово 2017“. На него, денес и утре ќе бидат прикажани 30 етнолошки филмови снимени на локации од сите страни на светот. Македонското етнолошко друштво ќе биде домаќин на филмски дела од автори од Русија, Непал, Индонезија, Португалија, Данскаи многу други земји.
Публиката ќе може да види филмови за дервишкиот ред Руфаи, за мигрантски камп во Италија,за кочанското бело злато и многу други етнолошки теми.
Оваа ретка филмска манифестација е во организација на Македонското етнолошко друштво. Фестивалот се одржува под покровителство на Агенција за филм, а финансиски е поддржан од општината Кратово.
Оливер Арсовски

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.