gogo

A+ R A-


Кратово подготвено за почеток на „Златни денови“ (ВИДЕО)

 

Претстојниот викенд сите патишта ќе водат во Кратово. Малото живописно градче на Истокот, познато по средновековните кули и мостови, од оваа година ќе добие уште еден заштитен бренд. Музичката манифестација „Златни денови“ во иднина треба да стане белег по кој ќе се препознава Кратово на мапата на културниот туризам. Иако „Златни денови“ ќе се одржуваат за првпат, организаторот на настанот се погрижи врвни музички имиња да настапат во Кратово. Ѕвездите на Икс-фактор, Љубојна, Коки и тајфата, Оџила и шест тамбурашки оркестри ќе ги забавуваат гостите во Кратово.

altЕкипата на Сител го тестираше расположението кај граѓаните на Кратово. Сите се сложни во оценката дека Кратово полека го враќа стариот сјај. Некои од нив веќе си одбрале и свој омилен фаворит на фестивалот.
Се очекува голем интерес, и тоа кај повозрасната публика, да привлече европскиот тамбурашки фестивал, на кој ќе настапат шест оркестри.

Изминативе денови сите локални институции се во состојба на готовност. Се шминка градот, се поставува сцената, комуналните служби работат интензивно.

Од денес со работа започна и градскиот базен. Во текот на целото лето ќе нуди бегство од горештините, а за време на „Златните денови“ ќе ги угости најпознатите македонски диџеи. Сите оние што ќе се одлучат викендот да го поминат во Кратово, ќе добијат одлична понуда за максимално уживање.   Оливер Арсовски

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.