gogo

A+ R A-


Кратово постави 20-метарски јарбол со македонското знаме

altВо дворот на основното училиште „Кочо Рацин“ во Кратово поставен е јарбол со македонското знаме. Јарболот е висок над 20 метри и е дел од проектот на Владата на Република Македонија за поставување јарболи со македонски знамиња низ цела држава. Кратово беше еден од ретките градови во Македонија во кој не беше поставен јарбол со големо македонско знаме. Знамето во ноќните часови е осветлено со неколку рефлектори и се гледа од речиси сите населби во градот.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.