gogo

A+ R A-


Кратово слави 163 години од раѓањето на Ефрем Каранов

Efrem-Karanov.jpgЕфрем Цветков Каранов (1852-1927) бил фолклорист, историчар, преведувач, македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење. Тој бил еден од истакнатите собирачи на македонски народни умотворби и научници во Бугарија со потекло од Македонија.

Образованието го започнал во своjот роден град Кратово, а потоа во периодот 1864-1866 во бугарско училиште во Цариград. Завршува словенска филологиjа во Русија, каде почнува да собира фолклорни материjали, кои ги публикува во соработка со Бугарското книжевно друштво, на кое станува дописен член во 1875, а во 1884 и полн член. По создавањето на Кнежество Бугарија се населува во Ќустендил, а во 1895 година Каранов е еден од основачите на Македонско благотворително друштво Македонија, по што бил избран за негов претседател.

Во 1895 година бил формираан Македонскиот комитет во Софија, а Каранов како претседател на Ќустендилското друштво активно се вклучил во револуционерната дејност на Комитетот. Веднаш по формирањето на Македонскиот комитет неговиот претседател Трајко Китанчев започнал со орагнизираање на Мелничкото востание, а собирен пункт на четите кој требало да навлезаат во Македонија била Ќустендилската област и токму таму четите биле доворужени и доопремени, а во сета дејност активно се вклучил Ефрем Каранов и Ќустендилското друштво.

По смрта на Китанчев и поделбите кој настанале во самиот Македонскиот комитет, Каранов почнал да се доближува до Македонската револуционерна организација, а остварува контакти и соработка со Гоце Делчев, Јане Сандански и Пејо Јаворов, токму во Ќустендилско ќе се наоѓа еден од поголемите пунктови на Македонската револуционерна организација преку која ќе минуваат четите, оружјето и др.

Ефрем Каранов починал во Ќустендил во 1927 година. Бугарскиот академик Ефрем Каранфилов е негов внук.
Писмо од Гоце Делчев до Ефрем Каранов

17 октомври 1895г.

Господине Каранов,

Пред неколку недели г. Чакаров се јавил со офицерска униформа (чин поручник) во Виница со намера да прогласи внатрешно востание! Благородна намера! Нема поспасоносен лек од оној со кој се зафатил Чакаров. Ослободувањето на Македонија лежи во внатрешното востание. Оној што мисли дека Македонија ќе се ослободи поинаку, тој се лаже и себеси и другите. Но кои се тие што ќе се кренат сега на востание? Г-н Чакаров ли? Ако востание може да се крене со 1-40 души, Македонија одамна ќе беше слободна државичка. Но бидејќи тоа е невозможно, а треба луѓе, тогаш што да прави? Треба тој народ да се разбуди од петвековниот длабок сон, којшто го направил Македонецот доста дебел во свеста за човечка правина. И тоа ако не целиот народ, тогаш барем еден дел од него, па тогаш, наместо г. Чакаров да бара 40 души, ќе го бараат него 400, за да застанат под неговото знаме. Ако не стане така и ако се прогласи востание, жално ќе биде за народот, а тешко и горко за виновникот. Жално е зашто залудно ќе се изгубат најмлади сили (едни по зандани, други по бесилки), ќе се остават невини Македонки на самоволието на скотските и жестоки страсти на дивјаците и најпосле ќе останат под јатаганот на Азиецот 5-годишни деца и 700-годишни старци и за сето тоа виновникот ќе биде одговорен и пред својата совест, и пред народот, и пред историјата.

 

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.