Легендата ни ја раскажа Стевче Доневски од Кратово, а ја слушнал пред 11 години од кратовчанката Цвета Голубанова. Истата порталот „АБЕРЏИЈА“ ви ја пренесува Вам.
Според неа, во Кратово во минатото живеел богатиот Јашар-бег, кој имал куќа во центарот на градот. Во неа ноќевале трговци од караваните што оделе од Солун за Софија, а минувале преку Кратово и Ќустендил, и во сарајот секагаш имал гости. По некое време, Јашар-бег одлучил да се врати во родната Турција и пуштил глас дека го продава сарајот во Кратово. Откако три месеци никој не прашал, а камоли да го купи сарајот, Јашар-бег го нагоштевал добро еден од водачите на караваните по име Марко и му ветил богата награда ако успее да најде купувач на сарајот.
За кусо време, Марко нашол потенцијален муштерија во Прилеп, извесен Манго. И кажал на својата жена Марика дека иало убав сарај во Кратово, да одат да го видат и ако им се допадне да го купат за да развијат трговија во Кратово. Тие имале три деца – близначиња, родени на Божик, со имиња Божидар, Бошко и Божин. Им рекле да останат во Прилеп, да бидат мирни и за три дена им ветил дека ќе им донесе алва-шеќерлија и злетовска леблебија.
Тргнале за Кратово, ама на влезот од градот слушнале како плаче некое бебе крај патот. Се стрчала Марика, го зела бебето во раце. Во тој миг изрипала од грмушките некоја стара баба и им кажала дека бебето ќе биде нивно, бидејќи мајката била многу болна и нема да може да го одгледа. Им рекла дека пред нив поминале два брачни пара, ама бебето молчело, ама заплакало кога ги видело Манго и Марика. Манго и Марика се сожалиле и го земале, влегле во Кратово, се испазариле со Јашар-бег и ја купиле и куќата.Се вратиле во Прилеп, кажале на трите близначиња дека си нашле уште едно бебе, го крстиле Најден и подоцна го пратиле да учи берберски занает.
Минале години, трите близначиња пораснале и дошло време Манго да ги жени. Божин рекол дека ќе ја земе најубавата во градот, Бошко рекол дека ќе ја земе највредната во градот, а Божидар рекол дека ќе ја земе најсиромашната. Направиле голема свадба сите во еден ден.
Минале неколку месеци, мајката Марика ги прашала синовите дали ќе имаат принова.
Божидар, кој ја зел најсиромашната, рекол дека Божана е бремена.
Бошко, кој ја зел највредната, рекол дека и тој очекува принова.
Само Божин, кој ја зел најубавата во градот, не се пофалил дека очекува дете.
Се загрижила Марика за својот син и решила да ја праша снаата Борка која била чаршиска дама, дали ноќе го закача Божина, зашто не му дава...
Борка и одговорила:Ја сам давала на алваџии, бозаџии, слаткари и кафанџии, па и на Божина ли да му дам!!!
Кратовска легенда за трите близнаци и нивните жени
Најново
![]() | Денеска | 1391 |
![]() | Вчера | 10049 |
![]() | Оваа недела | 32565 |
![]() | Минатата недела | 31600 |
![]() | Овој месец | 23835 |
![]() | Минатиот месец | 133267 |
![]() | Вкупно | 20941844 |