Во едно наше далечно планинско село не сакал да доаѓа поп, а имало потреба од поп. Та нели, роде се дете, треба молитва, за венчавка, за погреби, за богослужба, народо да подигне панагија и сл. Ама попот не сакал да иде бидејќи селото било далеку и сиромашно. Арно ама, имало некој учител Трајко, кој се подигравал со попот и решил да се поплаче на владиката за несовесниот поп. На владиката му здодеале поплаките, па еден ден решил да излезе на терен. Арно ама, чула на попот жената, и му вика „еј попе, ти кога ќе дојде владиката, ќе обеќаш нешто и на владиката, и он ќе те оставе на мира“. Утредента дошол владиката во контрола, и слуша како попот чате „НАТРАПИ КОООТЛЕ НА ГЛАВА, огледа се на бога, како сви попови и ја имам 300 овци, половин мене, половин на дедо владику, имам 300 глави говеда, половин мене, половин на дедо владику...“ Владиката се израдувал од чуените зборови и рекал дека оваков поп нема видено нигде и дека за џабе биле поплаките.
Арно ама, на Трајко му текнало една ујдурма за да го избрка од работа попот. На селаните рекол дека ќе се преправе дека е мртов. Купиле сандк, легнал Трајко у него, одредиле гробари и викнале га попот. Попот насетил дека му спремаат некоја ујдурма и им рекол на селаните да се оддалечат 50 метри и му се обратил на покојникот. „ТРАЈКООО, ЕБЕМ ТИ МАЈКУ, ЗАШТО РИПНА ОД СКАЛАТА, ТА СЕ УТЕПА, МЛАДА ТИ БЕШЕ УЧИТЕЛКАТА ВЕРА, НА КОГО СИ ГУ ОСТАВИ“. Трајко изнервиран рипнал од под чаршавот, сакал да га фане за шија, ама попот со чизмите ритал се додека не га утепал Трајкота. Откако го отепал, на селаните им рекол „ОД СЕГА МРТОВЕЦ КЕ СИ ГА ЧУВАТЕ 24 СААТА ДОМА, ПА ПОСЛЕ ЌЕ МЕ ВИКАТЕ ДА ГО ОПЕЈАМ... ПА ЈА ФИЗИЧКИ ЛИ ЌЕ СЕ БОРУ СО МРТОВЦИТЕ“. Е од тогаш останало мртовец да се чува 24 часа дома пред погреб, за да нема потреба попот да се боре со него...
П.С. Легендата ни ја раскажа кратовецот Делчо Јованов и му благодариме за тоа...