„Кратовски тамбураши“ се вртија со уште една престижна награда од гостувањето во Ќустендил, каде викендов се одржа Националниот фестивал на шлагерска и староградска песна. Во конкуренција на 63 изведувачи, кратовскиот состав стигна до првото место и ги освои срцата на публиката.

