Во рамки на проектот „Право на село“ кој се имплементира на ниво на седум Балкански држави (Македонија, Албанија, Србија, Босна, Црна Гора, Косово и Грција) и е заснован на идејата за развој и промоција на културно-историското наследство претежно во малите локани заедници во Западен Балкан од страна на Регионалниот центар за одржлив развој е покрената иницијатива под наслов „Културни мостови за соработка“. По тој повод во рамки на иницијативата, Тамбурашкиот оркестар од Кратово во периодот од 2-4 Август 2012год. ќе учествува на Десеттиот јубилеен фестивал на тамбурашки оркестри во Општина Бело Поље – Црна Гора. Инаку овој фестивал е во организација на Центарот за култура на Општина Бело Поље, а посетата ќе биде искористена за размена и пренесување на искуства при организирањето на вакви и слични настани. Инаку културно-исориското наследство на овие простори може да биде еден од позначајните ресурси во процесот на промоцијата на регионот и привлекување на странски и домашни посетители.
Кратовските тамбураши на фестивал во Црна Гора
Најново

![]() | Денеска | 824 |
![]() | Вчера | 3009 |
![]() | Оваа недела | 7297 |
![]() | Минатата недела | 24703 |
![]() | Овој месец | 98306 |
![]() | Минатиот месец | 102633 |
![]() | Вкупно | 22391721 |















