Кратовските тамбураши уште еднаш достојно ја репрезентираа нашата општина, настапувајќи на фестивалот ма староградски песни и серенади „Под кулите на Струмица“. Кратовчани имале прекрасна изведба на неколку староградски песни и серенади и ги освоиле симпатиите на струмичката публика. За одличниот настап ја добија престижната „Златна плакета“.


















