gogo

A+ R A-


Кратовските тамбураши се претставија во Црна Гора

пишува - Влатко Бојковски

alt

Нашите сограѓани учествуваа на јубилејниот 10-ти меѓународен фестивал на тамбурашки оркестри, кој се одржа во Бијело Поље, Црна Гора. Фестивалот траеше три дена, од 2-4 август, а „Кратовските тамбураши“ се претставија на втората меѓународна вечер.

Во силна конкуренција на тамбурашки оркестри, кратовчани ги изведоа композициите „Болен ми лежи Миле Поп Јорданов“, „Мајка на марика думаше“, „Кратовчани љубов водат“ и „Каква мома видов мамо“. Останати учесници на фестивалот беа Суботичкиот тамбурашки квартет (Србија), групата Весели Тамбураш од Нови Сад  (Србија), Тамбурашката школа „Баторек“ од Осијек (Хрватска), Тузланските Тамбураши (БиХ) и други.

Покрај оркестрите на фестивалот можеше да се слушне и гласот на познатите солисти: Боки Милошевиќ, Мерима Његомир, Мики Јевремовиќ, Бане Крстиќ и др.

За разлика од фестивалот во Нови Сад на кој кратовчани се претставија пред неколку месеци и го зедоа првото место, овој фестивал не беше од натпреварувачки карактер, па така сите учесници добија благодарници, а во знак на благодарност за феноменалната организација кратовчани подарија неколку сувенири од Кратово и македонско вино на Директорот на Фестивалот и на Директорот на домот на културата во Бијело Поље, Црна Гора.

Учеството на Фестивалот беше овозможено преку меѓуародниот проект „Право на село“ и иницијативата „Културни мостови за соработка“ на Регионалниот Центар за одржлив развој Кратово.">

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.