На 5. меѓународен тамбурашки фестивал Тамбурице - одржан од 15 до 17 јуни на Петроварадинската тврдина во Нови Сад, Србија, за најдобар вокал беше прогласен Трајко Јордановски, вокалот на единствените наши овогодишни претставници Кратовчани. На сцената публиката имала можност да ужива во музицирањето на оркестрите од Австрија, Романија, Унгарија, Србија, Црна Гора, Словенија, Хрватска..., а нашите претставници, кои премиерниот настап на Тамбурице го имаа минатата година, на сцената ги извеле Болен ми лежи Миле Поп Јордановв, Нели ти стига мојата младост и Мајка на Марика думашее.
Настапивме со поразличен материјал од останатите, што мислам дека во голема мера придонесе за одличните реакции. Освен тоа настапив со најголема и најпозитивна енергија која и ми го донесе првото местоо, вели Јордановски, кој всушност беше специјален гостин на тамбурашите од Кратово, кои, пак, на 6 и 7 јули по втор пат ќе бидат домаќини на ист таков фестивал.
Во склоп на Тамбурицее освен натпреварувачки се одржа и ревијален дел во чии рамки присутните имале можност да уживаат во настапите на Ѕвонко Богдан и Жељко Јоксимовиќ.