gogo

A+ R A-


Легенда за „ѓаволското око“ на Цоцев Камен

Легендата за „ѓаволското око“ ни ја раскажа Тоде Петрушевски од с.Димонци. Приказната ја започна со сеќавање на зборовите на неговата баба дека во дамнешни времиња во четирите пештери на Цоцев Камен живееле луѓе. Тие одгледувале стока, ловеле риба и животни, сееле, жнееле и мелеле жито, одгледувале пчели. Биле многу сложни и работливи.

На врвот од карпата живеел Ѓаволот кој преку ден спиел, а ноќе работел, им наредувал на луѓето, но тие не го слушале. Тој се повеќе им давал закони на луѓето, а тие се повеќе ги одбивале неговите наредби. Минало време и се појавиле парите како платежно средство. Тогаш ѓаволот рекол:

„Досега јас одлучував кој да живее, а кој да се отепа. Понекогаш бев слушан, понекогаш не ме слушавте. Отсега натаму парите ќе ве командаат и тие ќе ве отепаат“

(Легендите се собирани од страна на Стевче Доневски, а посета на Цоцев камен може да остварите со посредство на Центарот за карпеста уметност)

alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.