gogo

A+ R A-


Легенда за Насрадин оџа и крушката од Страцин

altЕве една легенда раскажана од Методи Митевски од село Страцин во мај 2004 година. За време турско во Скопје живеал прочуен мал Насрадин Оџа кој бил почитуван и кај муслиманите и кај христијаните. Бил низок по раст и бил доста итар.

Решил да оди за Цариград, а од Скопје до Цариград се патувало 17 дена. Првиот ден стигнал до Страцин и решил да ноќева во ан Дамија. Тука се распрашал дали е мирно по патот и дали има некаде разбојници.

Преспал таа ноќ, а изутрината решил да го продолжи патот. Таман да тргне, за око му фатила една убава крушка во близина на анот. Одлучил да наполни една кошница за да има за по пат. Советниците го советувале да не се качува во крушката и да остави тие да му наберат.Насрадин оџа го одбил предлогот и се качил на највисоката гранка, каде крушките биле најкрупни и најблаги. Но, на слегување паднал од крушата и се повредил, па морал да се врати на лекување во анот.

Веста брзо се проширила меѓу жителите на Страцин, кои во голем број се собрале пред анот да видат како е оџата. Некои по малку злобно коментирале дека туѓите крушки се најслатки.

Откако видел Насрадин оџа дека половина село се собрало пред анот, излегол на чардакот и им се обратил на луѓето: „Кој од вас има паднато од крушка, нека остане. Сеирџиите веднаш да си одат“.

По неколку дена лекување, оџата го продолжил патот за Цариград, но поучен од лошото искуство по пат си купувал крушки од пазар. И секаде велел на луѓето да не се лакомат за јадење и пиење.

(легендата ни ја раскажа Стевче Доневски)

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.